еМагазин
Image default
Свет

Германскиот министер за здравство предупреди на опасност од зимски бран на Ковид-19

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах предупреди на опасноста од зголемување на случаите со Ковид-19 во текот на зимата и ги критикуваше намерите на четири сојузни држави да ги олеснат правилата за карантин за заразените.

„Тогаш ќе се соочиме со уште потежок бран отколку што се плашевме, ние сме и во пресрет на појавата на позаразна варијанта на коронавирусот,“ рече Лаутербах.

Тој додаде дека федералната влада не ги одобрува активностите преземени од регионалните власти во покраините Баварија, Баден-Виртемберг, Хесен и Шлезвиг-Холштајн.

Претходно тие провинции, дом на речиси половина од населението во Германија, објавија во заедничка изјава дека имаат намера да престанат со спроведувањето на националниот петдневен карантин.

Тоа значи дека секој што е позитивен на коронавирусот, но се чувствува добро, ќе може да го напушти својот дом, но под услов да носи маска. Во Баварија, промената ќе стапи на сила следната среда.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реновирањето на инфраструктурата во Украина, до сега, ќе чини 60 милијарди долари, проценува Светска банка

Редакција

(Видео) Најмалку 21 загинат во автобуска несреќа во близина на Венеција, меѓу жртвите има Украинци, Германци и Французи

Редакција

Шпанија, Норвешка и Ирска ја признаа Палестина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница