еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Украинците слават: Руската војска се повлече од Херсон, кој го Русија го анектираше

Русија соопшти дека повлекла повеќе од 30.000 војници од јужниот украински регион Херсон, вклучувајќи го и регионалниот главен град, додека Киев соопшти дека украинските сили влегуваат во градот.

„Вкупно, повеќе од 30.000 руски војници, воена опрема и материјал се повлечени. Ниту едно парче воена опрема или оружје не остана на десниот (западен) брег,“  соопшти Министерството за одбрана.

Сателитски снимки покажаа дека делови од мостот Антоновски, клучниот патен премин кој ги поврзува градот Херсон во јужна Украина, се уништени.

Украинците тврдат дека мостот бил уништен со повлекување на руските сили за да го забават украинското напредување.

Граѓаните излегоа по улици за да ја прослават победата.

Видео/Фото: Твитер/NEXTA TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 најниски нето-плати во јули

Редакција

ДИК: Гласале 7.861 болни и немоќни, 234 лица во домови за вонсемејна грижа и 1.235 затвореници

Редакција

22 години од убиството на осумте бранители кај Љуботенски Бачила

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница