еМагазин
Image default
Македонија

Вработена во ГОБ „8-ми Септември“, одзела картичка од пациент и си пазарела со неа

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица денеска извршиле службен разговор со С.С. (53), вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката. Во службениот разговор таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема напредок во работата на Комисијата со бугарските колеги, би било корисно да се вклучат надворешни експерти вели Ѓоргиев

Редакција

Дојава за бомби и во “Мериот“, ФФМ, салата „Борис Трајковски“, 10 скопски и за првпат и во битолски училишта

Редакција

Во дом за стари лица во Битола заболено едно лице од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница