еМагазин
Image default
Бизнис

Намалена работата на македонските градежници во странство

Во периодот јануари – септември годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 130.564.000 денари, што е за 21,6 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во првите девет месеци од годинава градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 95.582.000 денари, што е за 17,5  проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Од јануари до септември годинава нашата градежна оператива била присутна во Германија, каде извршила работа во вредност од 78.518.000 денари, Бугарија (9.188.000), Црна Гора (7.016.000) и во Хрватска (860.000 денари).

Македонските градежни фирми од почетокот на годината до крајот на септември немаат договорена и извршена работа на пазарите во Босна и Херцеговина, Србија и Косово, а каде биле присутни во истиот период лани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Соларпро Холдинг“ го доби тендерот на Градската болница „8-ми Септември“ за набавка на струја вреден 403.000 евра

Редакција

Едиција „200 најголеми и најуспешни“: КАМ маркет на прво место во малопродажниот сектор

Редакција

Голем пад на прометот на Македонската берза во февруари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница