еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поради блокирана пруга патничкиот воз од Скопје до Битола вчера патувал 10 часа

Патничкиот воз кој од Скопје вчера попладне тргнал во 14.30 часот во Битола пристигна синоќа 30 минути по полноќ. Патувал цели 10 часа, бидејќи бил запрен на железничката станица во Богомила.

Како што информираа за МИА од велешката Железничка станица, причина била расипана локомотива на товарен воз во близина на село Слепче, поради што пругата била блокирана.

Расипаната локомотива била повлечена од друга во 21.50 часот, кога и патничиот воз од Богомила продолжил кон Битола.

Патниците од преполниот патнички воз со три вагони, вчера реагираа на социјалните мрежи поради долгото чекање на станицата во Богомила.

МИА/Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјите од групата „ОПЕК плус“ се согласија да го зголемат производството на нафта повеќе од очекуваното

Редакција

Маж во Демир Капија го уби соседот, па се самоубил

Редакција

Пожарникарите неможеле да најдат функционални хидранти: Во пожар во Скопје изгореа дел од напуштените бараки на прекршочниот суд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница