еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денари

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар, а цената на дизелот се намалува за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,82 отсто.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за три денари за литар и ќе изнесува 88,5 денари. Еуросупер БС-98 поевтинува за 1,5 денари за литар и ќе чини 90,5 денари.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за три денари за литар и сега ќе се продава за 90 денари, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 85,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, за 1,438 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,524 денари.

Како што истакнуваат од РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,907 отсто, кај дизелот за 2,173, кај екстра лесното за 2,145 и кај мазутот за 3,096 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,73 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали и колку Охрид е навистина скап за туристите, а и за нас

Редакција

„Некстсенс“ го доби тендерот на „Градски паркинг-Скопје“ за одржување на системот за зонско паркирање вреден 345.000 евра

Редакција

Твитер фати „сеир“ за посетата на грчкиот премиер: „Ама ми е згоден овој Ципрас“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница