еМагазин
Image default
Македонија

Директорот на АНБ, Димовски денеска на затворена седница на Влада ќе реферира за случајот „Онишченко“

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски денеска на затворена седница на Влада ќе реферира за случајот „Онишченко“.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Тетово рече дека Димовски ќе информира за сите детали како е издадено државјанството на Укранинецот Олександер Онишченко, односно како се обезбедени позитивните мислења.

– Понатаму од тоа не можам да коментирам, со оглед на тоа дека од затворени седници на Влада не може да се даваат информации, бидејќи тоа е тешко казниво дело, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за нова инвестиција на германската компанија Киел во ТИРЗ Тетово.

Ковачевски, исто така, не одговори и дали средбата со помошник генералниот секретар на НАТО за безбедност и контраразузнавање била за случајот „Онишченко“.

– Не можам да кажам детали за разговорот со помошникот генерален секретар на НАТО за безбедност, изјави кусо Ковачевски.

Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа“ на САД поради неговите врски со руските власти, добил македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

МИА/Фото: АНБ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Личните карти и пасошите со изминат рок ќе важат додека трае вонредната состојба

Редакција

И Османи со апел граѓаните да не подлегнуваат на провокации на роденденот на Делчев

Редакција

Приведени вкупно четири лица за случајот „Јавна соба“, акцијата на МВР продолжува

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница