еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пет нови случаи на ХИВ во октомври, едно лице починало

Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во текот на месец октомври, пријавени се 5 случаи на ХИВ/СИДА.

-Сите пријавени лица се со ХИВ. Пријавените лица се од машки пол и се од Битола, Гевгелија, Струмица, Тетово и едно лице е странски државјанин.

Лицата се на возраст од 20-44 години.

Три од лицата се бисексуалци, едно лице припаѓа на групата МСМ и едно лице е хетеросексуалец.

Во текот на месец октомври е регистриран еден смртен случај од ХИВ/СИДА. Лицето е пријавено како заболено во август 2022 година, стои во билтенот на ИЈЗ за акутни заразни заболувања за октомври.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.10.2022 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2022 година, изнесува 574, и тоа: 123 лица починале, а 451 лице живее со ХИВ/СИДА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот потврди: Мијалков во куќен притвор ќе ја дочека Нова година

Редакција

(Фото) Кој хотел во Кемер, е изборот на моделот Илариа Кирилов за ова лето

Редакција

(ВИДЕО) Нова „бомба“ од “Ла Верита“: Катица наводно му вели на Камчев дека се ќе биде ОК

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница