еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Занаетчиската комора за прв пат доби жена за директор

Управниот одбор на Занаетчиска комора (ЗКРСМ) ја именуваше Јелена Спасова за генерален директор, која е првата жена на местото директор на ЗКРСМ.

Спасова е диплпмиран економист во насоката финансии, банкарството и осигурување – менаџмент во секторот на јавни услуги.

Има богато искуство во работа со финансиски институции и долгогодишно работење како директор во неколку домашни и странски компании како што се Raiffeisen Банка и Uniqa Осигурување, и во невладини организации.

Исто така таа поседува одлични интерперсонални вештини и организациони способности како тим лидер стекнати на многу светски семинари и едукации.

Таа е сертифициран тренер на повеќе обуки од областа на предптиемништвото и финансиите, како и обуки за бизнис консалтинг, коучинг и деловна комуникација.

– Нашата цел е да му помогнеме на занаетчиството да го добие заслуженото место во општеството и да одржува конструктивен политички дијалог, кој овозможува воспоставување рамковни услови за развој и унапредување на микро и малите предпријатија који вршат занаетчиска дејност. Знаеме дека сега комората е во многу добри раце во моментот кога започнуваме ново поглавје во историјата на ЗКРСМ, изјави претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување од 84,2%: За една недела 35 смртни случаи од Ковид-19 од 13 градови

Редакција

Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден била привремена

Редакција

Каков имот пријавил Беким Реџепи, кој ќе биде министер за транспорт и врски до изборот на нов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница