еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Без резултат, но во позитивна атмосфера поминала новата средба на македонско-бугарската Комисија за историски прашања, вели Ѓоргиев

Разговорите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија поминале во позитивна атмосфера, а се разговарало само за учебниците, информира Драги Ѓорѓиев, копретседател во Комисијата по вчерашната средба во Скопје која продолжува и денеска.

-Сè уште нема никаков конкретен резултат, заклучок, конкретно усвоена препорака. Дискусиите продолжуваат утре на иста тема во 9 часот и 30 минути, изјави Ѓоргиев за ТВ Сител.

Тој рече дека имале позитивна атмосфера во разговорите на кои, како што информираше, дискутирале само за учебниците и се запазени нашите интереси.

– Апсолутно, секогаш кога дискутираме за тоа во прв ред се интересите на Македонија, се разбира, рече тој.

Во однос на донесените решенија, Ѓоргиев информираше дека вчера не е донесена никаква одлука.

– Имаше материјална расправа и тоа е она што веќе се дискутира во последните три состаноци и утре продолжуваме по тој дневен ред, рече Ѓоргиев.

Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Медат Куртовски и официјално градоначалник на Маврово и Ростуше

Редакција

Осуди од сите страни за „сочната“ изјава на премиерот Зоран Заев

Редакција

Дваесет и деветте земји членки денеска ќе го потпишат протоколот за членството на Македонија во НАТО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница