еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Првпат во историјата: САД забранија продажба и увоз на нови уреди од кинеските производители Huawei и ZTE

Американската влада забранува продажба и увоз на комуникациски уреди направени од кинески производители на паметни телефони и добавувачи на мрежна опрема Huawei и ZTE, нагласувајќи дека тие претставуваат неприфатлив ризик за националната безбедност, објави американскиот телекомуникациски регулатор FCC.

„Како резултат на нашата наредба, ниту една нова опрема на Huawei или ZTE не може да биде одобрена“, напиша комесарот на FCC, Брендан Кар на Твитер.

Постои и можност за одземање на постојните одобренија, додаде тој.

Тоа е „првпат во историјата на FCC“ да се забрани одобрувањето на нови уреди поради загриженост за националната безбедност, напиша тој.

Одлуката не е изненадување, јави ДПА. Американскиот претседател Џо Бајден минатата година нареди со закон да се исклучи мрежната технологија на Huawei и ZTE од американскиот пазар, продолжувајќи ја политиката на неговиот републикански претходник Доналд Трамп во спорот со Кина.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Руски тенкови низ Мариупол

Редакција

МПЦ за оспорувањето во бугарските медиуми: Црковните теми и содржини да се остават на црковните дејци и авторитети

Редакција

Активни пожари во Буковиќ, Раовиќ, Горно Мелничани, Ракле, Никодин и Топлица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница