еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Заобиколувањето на санкциите против Русија ќе биде кривично дело во ЕУ

Земјите членки денеска едногласно одлучија дека обидот да се заобиколат санкциите на ЕУ ќе биде дел од европските кривични дела предвидени во Повелбата на функционирањето на ЕУ.

Ова го соопшти чешкиот министер за правда, чија земја претседава со ЕУ до крајот на оваа година.

Министерот, Павел Блажек, изјави дека за да бидат успешни санкциите против Русија нивната имплементација е клучна.

-Денешната одлука е суштинска алатка да се осигуриме дека сите обиди да се заобиколат ќе бидат спречени, изјавија од Советот на ЕУ каде е усвоена оваа одлука за санкциите.

Земјите членки на ЕУ имаат различни дефиниции за тоа што претставува заобиколување на санкциите и како тоа треба да биде казнето, поради што санкциите не се доволно ефикасно применети.

Со вклучувањето на “прекршувањето на рестриктивните мерки“ во кривичните дела на ЕУ се презема чекор во хармонизацијата на имплементацијата ширум ЕУ. Европската комисија сега има задача да презентира предлог директива на оваа тема која ќе треба да биде потоа одобрена од Советот и Парламентот на ЕУ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 984 случаи на Ковид-19 од 2.995 тестирања

Редакција

Кој е Кирил Пецаков, новиот градоначалник на Охрид

Редакција

(Видео) Мукаетов: Регионот има капацитет да оди напред преку заедничко вмрежување, градење и инвестирање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница