еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Освен договор за снабдување, ЕСМ треба да понуди и договор за откуп на енергија од фотоволтаици, велат од ЕВН

Корисниците кои истовремено се и производители на електрична енергија, а за кои е одбиена промената на снабдувач од страна на Операторот на дистрибутивниот систем, се веќе регистрирани како самостојни учесници на пазарот на електрична енергија, информираат од ЕВН.

Од таму додаваат дека како такви, тие не подлежат на Правила за снабдување со електрична енергија каде е дефинирана постапката за промена на снабдувач.

„За овие корисници важат одредбите од Правила на пазар на електрична енергија при што како самостојни учесници на пазар потребно е да ја регулираат балансната одговорност кај маркет операторот МЕМО.

Регулирање на односите на овие корисници со ЕСМ Продажба може да се случи само доколку се направи договор за снабдување, но и договор за откуп на произведената енергија со ЕСМ Продажба.

По направените консултации, договорено е ЕСМ Продажба да понуди одреден модел за да се надмине ситуацијата со производителите на енергија од фотоволтаични системи,“ велат од ЕВН Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ Продажба не одлучува за прифаќање на броилата за поевтина струја, обврската е на ЕВН

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Македонецот Васко Саздовски меѓу загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад

Редакција

Објавен Конкурсот за запишување ученици во средно образование за учебната 2023/2024 година

Редакција

Почна финалето на UltiMATH: Прв ден исполнет со натпреварувачка енергија и страст за математика

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница