еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Малопродажната цена на дизел горивото од ноќеска на полноќ се намалува за два денари за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто.

Новата малопродажна цена на дизелот ќе изнесува 84,5 денари за литар. Цената на „Еуросупер БС-95“ останува 84,5 денари за литар, „Еуросупер БС-98“ и понатаму ќе се продава за 86,5, а Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) за 82,5 денари за литар. Цената на Мазутот М-1 НС останува 41,81 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,23 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,811, кај екстра лесното масло за 1,639 отсто, а кај мазутот има зголемување во просек за околу 0,957 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,614 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно осум години затвор за двајца професори и две години условна казна за еден професор од Економски факултет за примање поткуп

Редакција

Помеѓу настраданите во автобуската несреќа во Бугарија има повеќе членови на едно семејство, најмладата меѓу нив имала 16 години

Редакција

Крајни десничари и популисти победија на изборите за ЕП во Франција, Грција, Унгарија…

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница