еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Првиот „фиат 500“ во наградната игра „Отвори и освој“ на „Паскалин“ заминува кај семејството Зејадини

Заим Зејадини од скопското село Моране и неговата внука Мевлуде отворија и ја освоија првата од трите главни награди „фиат 500“ во наградната игра на кафето „Паскалин“, информираат од компанијата.

Клучевите од новиот автомобил им ги врачи познатата македонска пејачка Каролина Гочева, на свечена церемонија што се одржа денеска во „Рамстор мол“.

– Многу сме среќни што ја добивме оваа награда. Кафето „Паскалин“ го купуваме и го пиеме со години, тоа е нашиот прв избор. Ова е прва голема награда што ја добиваме на која било наградна игра. Не ни се веруваше кога го пронајдовме жетонот, вели Мевлуде.

Добитното пакување е купено во маркетот „Рамстор“ во „Рамстор мол“. Во игра остануваат уште два автомобили „фиат 500“

Досега се доделени и 10 електрични тротинети од вкупно 50 во наградниот фонд на „Отвори и освој“. Тие се дел од вкупниот награден фонд кој изнесува 19.950 вредни награди, скриени во пакувањата „Паскалин“ заедно со вашите омилени зрна арапско кафе.

-Како да стигнете до една од многуте вредни награди? Побарајте го добитниот жетон во вашето пакување „Паскалин“. Едноставно, отвори и освој!

На семејството Зејадини му честитаме и му посакуваме безбедно возење! Сите други, побрзајте, во пакувањата на вашето омилено кафе ве очекуваат уште вредни награди, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски ученици освоија три бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика

Редакција

(Фото) Јубилеен 10. Фестивал на младото вино во „Тиквеш“ : Првото вино од годинешната берба наговестува добра винска година

Редакција

Децата оваа сезона ќе можат да скијаат по пониски цени и со една ски карта во целиот регион

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница