еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Верувале или не: Украдени влезни врати од станбени згради во Струмица

Засега непознати крадци откорнале и украле влезни врати од две станбени згради во Струмица.

Украдени се вратите од двата влеза во зграда на улицата „Ѓорги Василев“ и една од зграда на улицата „Ристо Ќурчиев“.

Станарите дури утрово забележале дека останале без влезни врати откако тргнале на работа.

Според нив, кражби имало и порано, но најчесто од подрумите и велосипеди.

Од струмичката полиција потврдија дека имало случај на кражба на влезна врата и преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кај нив бил пријавен само еден за одземена алуминиумска врата од станбена зграда на улица „Ристо Ќурчиев“, додека за останатите кражби досега немаат пријава. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пописот во април: Собранието го донесе Законот за попис на населението

Редакција

Бројот на заболени со британскиот сој на Ковид-19 во Македонија се искачи на 56

Редакција

Од „8 Септември“ заминува главниот инфектолог, отказ дала и докторка од Инфективна

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница