еМагазин
Image default
Македонија

Премиерот Ковачевски ќе учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од Западен Балкан, утре ќе учествува и ќе се обрати на Самитот за Западен Балкан-Европска Унија во Тирана, Република Албанија.

Учесниците на Самитот, како што е најавено, ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а присуство е најавено на високите европски претставници Шарл Мишел и Урсула Фон Дер Лаjен, како и премиерите на Белгија, Луксембург и други европски земји.

На Самитот, како што информираат од владината прес-служба, е предвидено земјите од Западен Балкан со ЕУ да потпишат декларација за зајакнување на соработката во повеќе сегменти со што се обезбедува подобри услови и бенефиции за граѓаните од земјите од регионот.

Ковачевски во Тирана ќе учествува и на две панел дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедувањето на демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски во Тирана се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски демантира дека луѓе се наоѓаат без органи и гарантира за безбедноста на граѓаните

Редакција

Шест лица даруваа крвна плазма, досега се обезбедени 52 единици за третман на пациенти со Ковид-19

Редакција

Истражување на Владата: 73% од граѓаните не го прележале корона вирусот, 51% планираат да се вакцинираат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница