еМагазин
Локално

Иселеници во Австралија тешко повредени во сообраќајка во Македонија

На 25.08.2018 година во 14,12 часот е пријавено дека во близина на село Железнец, демирхисарско се случила сообраќана незгода во која учествувале товарно моторно возило „Ман“ и полуприколка сопственост на фирма, а управувано од Д.Д.(30) од Кичево, патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки управувано од З.Х.(50) од Битола и паркирано товарно моторно возило „Мерцедес“ со битолски ознаки, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата сопатници во патничкото возило Ј.К.(61) и Д.К.(58) двајцата од Македонија но со живеалиште во Австралија.

Со телесни повреди се здобиле Д.Д. и З.Х. Извршен е увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десетмесечно бебе донесено без знаци на живот во Поликлиниката Чаир

Редакција

На патот Ѓавато-Тополчани загина возач од Битола

Редакција

Автомобил удрил во три малолетни девојчиња во скопски Чаир

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница