еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Сами сме дома” нова хит новогодишна детска претстава во Дом на АРМ оваа сабота

Модерната, забавната и интерактивната новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ во која глумат 70 ученици од актерската школа на Весна Петрушевска ќе се прикажува во Дом на АРМ, оваа сабота, 10 декември, со почеток од 12 часот, која е веќе распродадена и од 14 часот за која се уште има карти.

„Драги деца и родители повелете да ја проследите новата хит новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ која премиерно ќе биде оваа сабота од 12 и од 14 часот во Дом на АРМ.

Картите можете да ги резервирате преку контакт телефонот 078/227-316. Со претставата сакаме да им покажеме на своите деца дека можат да ги допрат ѕвездите!“, вели Петрушевска.

Таа додава дека да се работи со деца е огромен предизвик. Тие на првиот час доаѓаат не знаејќи дека за да бидеш актер треба да го живееш актерскиот сон.

„Искрена да бидам со многу работа, домашни работи и љубов моите ученици прераснуваат во мали актери кои на публиката можат да им ја пренесат сета среќа и тага од драмските текстови. Токму тоа го кажувам со самодоверба затоа што знам колку напорно како сме работеле заедно за да го постигнеме истото, ” додава Петрушевска.

Нејзината посветеност кон најмалите љубители на пишаниот збор и театарот е голема. Од еден актерски час или проба во актерската школа секој ќе сфати дека тоа е единствено магично место, посветено на децата, каде се дава љубов и поддршка од децата за децата, каде се забавуваат но и учат и работат како вистински професионалци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Документарецот за Бигорскиот манастир беше проектиран пред голем број амбасадори и дипломати во Рим

Редакција

(Фото) Ивана Кнез со сензуална лимитирана колекција за роденденот

Редакција

(Фото) Во Скопје се отвора најголемата игротека под отворено небо

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница