еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска променливо облачно и ветровито

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по одделни котлини.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 14 степени.

Во Скопје значително облачно, претпладне со услови за појава на магла. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), продолжува периодот на променливо облачно време со релативно високи утрински температури.

Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта кон недела и во недела наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување снег и во некои пониски места.

Минималната температура ќе се движи од два до 12 степени, а максималната од шест до 16 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Илија Димовски загрижен за ковид состојбата во Велес: Барам од Филипче да се испитаат причините за високата смртност

Редакција

„Сега сме во безбедна зона, но треба да се подготвиме за евенутален нов бран“, вели Петличковски

Редакција

73-годишен човек од Македонија паднал во кома по вакцинација во Ниш и се уште не е освестен

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница