еМагазин
Image default
Локално

18-годишник од Делчево потрошил над 7.500 евра од картичката на дедо му

Жител на Делчево го пријавил во полиција својот 18-годишен внук, кој ги дознал податоците од неговата дебитната картичка и со неа извршил стотици плаќања, потрошувајќи 468.832 денари или над 7.500 евра, соопшти МВР.

„СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

На 28.05.2021, пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања“, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на вакцинирани се зголемува: Вакцинирани вкупно 1.018 деца

Редакција

Претреси во Сарај, приведени разбојници што краделе од банкомати

Редакција

Штипјанец „олеснет“ за 356.889 денари, откако со злоупотреба на неговата банкарска картичка биле извршени 87 трансакции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница