еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Еден загинат во сообраќајка на булеварот „Киро Глигоров“, го удрил автомобил додека менувал гума

Едно лице загина во сообраќајката што се случила денеска на булеварот „Киро Глигоров“. Друго лице, пак, е пренесено во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Како што информира МВР, случајот бил пријавен денеска во 6:10 чaсот во СВР Скопје. Според пријавеното, Б.С. (53) застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа што му пукнала гума, по што со друго возило дошол да му помогне Н.С. (29) од Скопје.

Тие додека се обидувале да ја променат гумата во нив удрило патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Л. (18) од Скопје. Тој го напуштил местото на настанот, но потоа се вратил без возилото.

На местото на настанот починал Б.С., а Н.С. е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“.

Возилото „форд фиеста“ е пронајдено на бул „АСНОМ“. Извршен е увид и полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и 6 илјади евра за управителот за загадување на Маркова река

Редакција

Детален преглед: Лани пораснал бројот на фирми кои котираат на Македонската берза што оствариле добивка

Редакција

Инкасираат милиони: Топ пет компании од берзата по остварена добивка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница