еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Вклучен и вториот котел во ТЕЦ Неготино, електраната произведува струја со полн капацитет

Вклучен е и вториот котел во ТЕЦ Неготино и термоелектраната во моментот работи со полн капацитет. Вториот котел е синхронизиран на мрежа пред 42 часа, по сите протоколи на вклучување, односно по првично стабилизирање на системот со работа со еден котел, соопшти АД ЕСМ.

Согласно планот за производство, ТЕЦ Неготино треба непрекинато да работи со два котли до крајот на април.

Покрај ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ произведува преку два блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, гасната електрана Енергетика, хидроелектраните и ветерниот парк.

Се прават подготовки за стартување и на Блок 3 по пристигнувањето на носечката единица од трансформаторот.

АД ЕСМ целосно од сопствено производство ги задоволува потребите за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи, како и значаен дел од количините за дополнителни снабдувања по одлуки на Владата, велат од таму.

Помал дел од количините за дополнителни снабдувања преку ЕСМ Продажба се набавуваат, а се однесуваат на последните мерки за снабдувања на училишта, јавни претпријатија и дел од стопанството, посочуваат од таму.

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапуваат бензините и дизелот

Редакција

Жената која беше тепана од насилник од Радовиш во живо на ТикТок, не сака да го гони кривично

Редакција

Македонија доби дел од амбасадата во Ла Паз, Боливија: Заврши распределбата на недвижен имот на поранешна СФРЈ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница