еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што се пријавил премиерот на име на сопругата во неговиот анкетен лист

Премиерот Димитар Ковачевски е во фокусот на јавноста, поради информацијата дека неговата сопруга Елена Ковачевска е еден од основачите на фирма, која ќе произведува струја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругата со свои пари ивестираше во фирмата за производство на струја, а тоа е пријавено во мојот анкетен лист, вели Ковачевски

Елена Ковачевска, сопругата на премиерот, меѓу основачите на фирма која ќе произведува струја

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал премиер.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име од недвижен имот пријавил три стана во Скопје.

Вози Фолксфаген Поло, поседува акции, а има и побарувања по основ на договор и заем.

На име на сопругата го пријавил уделот во фирмата која ќе произведува струја од 62.000 денари (2020 година).

На нејзино име пријавил и побаравување по основ на заем од 180.000 денари (2021 година).

На име на сопругата пријавил и денарски депозит од 1,4 милион денари (2014 година), денарски депозит од 1,4 милион денари (2013 година), орочен денарски депозит од околу 1 милион денари (2022 година).

Денарски и девизни депозити и сметки пријавил и на свое и на име на децата, а на свое име пријавил и кредит од 246 илјади денари, кој требало да го врати годинава.

Целиот негов анкетен лист ОВДЕ.

Фото: Кабинет на премиерот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во петок се отвора новиот трговски центар Diamond Mall

Редакција

Гнев на социјалните мрежи, откако се појавија фотографии со огромни гужви во „Сити мол“ за Black Friday

Редакција

МНР повика да не се патува во Италија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница