еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска студенo со магла и облачност

Времето денеска наутро ќе биде студено и особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност.

Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус шест до три, а максималните ќе достигнат од шест до 10 степени.

Во Скопје наутро ќе преовладува студено време, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималните температури ќе се спуштат до минус четири, а максималните ќе достигнат до шест степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Во среда по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, кога и дневните температури ќе се задржат пониски. Потоа дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И за време на полициски час може да пријавите семејно насилство

Редакција

Реакција на екипата на Медена земја: Филмските работници не треба да им помагаат на протагонистите, но ние го прекршивме кодексот затоа што целосно се соживеавме со нив

Редакција

(Фото) Литургија на македонскиот епископ Антаниски Партениј и на Гробот на Пресвета Богородица во Гетсиманија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница