еМагазин
Image default
Бизнис

Бимилк инвестира 1,2 милиони евра за фармерите

Бројот на молзни крави во земјава во текот на идните месеци ќе се зголеми за нови 500 висококвалитетни јуници, а како резултат на инвестицијата која ја прави Бимилк заедно со своите кооперанти, информираат од компанијата.

„Во рамките на оваа соработка во набавката на новите грла, водечката компанија во млечната индустрија ќе субвенционира најголем дел од набавната вредност на грлата, а за остатокот ќе овозможи бескаматен кредит со рок на отплата од 5 години.

Јуници ќе бидат понудени на кооперанти на Бимилк во повеќе региони во земјава, кои имаат потенцијал и услови за развој и зголемување на квантитетот, квалитетот и продуктивноста на производството.

Грлата ќе бидат од расата Холштајн – Фризијан и Симентал со продуктивност од 6.000 до 8.000 литри млеко годишно, што е на рамниште на европските земји со најголема продуктивност, како што се Шведска со 7.900 литри, Данска со 7.100 литри и Холандија со околу 7.000 литри по крава,“ се вели во соопштението.

Вкупна вредност на инвестицијата од страна на Бимилк е 1,2 милиони евра. Со ова компанијата ја продолжува поддршката на млекопроизводителите, што е еден од нејзините стратешки приоритети.

„Со инвестиции во развојот и во одржливоста на млечната индустрија, Бимилк обележува 70 години постоење и работа на македонскиот пазар.

Млекара Битола има долгогодишна соработка и поддршка на млекопроизводителите, која опфаќа вложувања во современа опрема и технологија за преработка на млеко, едукација, поддршка при набавка на сточна храна, механизација и опрема, вклучително и иницирање стимулативни мерки за развој на сточарството,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Атлас плус“ стана генерален агент за продажба на авиобилетите на „Нордвинд“ за македонскиот пазар

Редакција

Најголемите 30 државни претпријатија од 2015 до 2019 година оствариле приход од 732 милиони евра

Редакција

Вице Заев достави понуда за преземање на „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница