еМагазин
Image default
Македонија

Македонец во Ќустендил осуден на 4,6 години затвор за обид за шверц на амфетамин

Окружниот суд во Ќустендил го осуди на четири години и шест месеци затвор и парична казна од 50.000 лева (25.000 евра) државјанинот на Македонија и на Бугарија, Дејан Д. под обвинение за обид на шверц на амефтамин и обид за илегален премин на бугарската граница, јави дописникот на МИА од Софија.

Како што соопшти Судот во Ќустендил, обвинетиот е осуден откако се изјаснил за виновен по трите точки од обвинението – за обид за шверц на амфетамин во вредност од 27.330,2 евра, за поседување високоризична наркотична супстанца без дозвола и за обид да ја премине границата на Бугарија без дозвола на нејзините гранични органи.

Според Судот, 50-годишниот Дејан Д. признал дека на 7 јули при излез од Бугарија на граничниот премин „Деве Баир/Ѓуешево“ се обидел со неговиот автомобил „Пежо 407“ преку границата да пренесе високоризична наркотична супстанца – амфетамин, со вкупна тежина од 1.855,78 грама, во две пластични шишиња со етикети на концентрат за автомобилски стакла и зелен чај и дека при царинската контрола се обидел да побегне во правец на Македонија.

Одлуката на Окружниот суд во Ќустендил е конечна.

На претходното судско рочиште, одржано на 8 јули, обвинетиот пред Судот изјави дека „не знае што има во шишињата“ и дека бил вработен во македонската Царинска управа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државните ревизори констатирале дека ДУИ добивала донации над дозволениот лимит

Редакција

Ројтерс: ЕУ ќе започне преговори со Северна Македонија и Албанија неделава

Редакција

Пауновски како и сите 237 институции имаа детален увид во Планот за распределба на рамковните, велат од Влада

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница