еМагазин
Image default
Бизнис

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира измените за Законот за данок на добивка во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска најави дека Пратеничката група на неговата партија „колку што е можно“ ќе ги блокира предложените измени на Законот за данок на добивка во Собранието.

– Не е добар воопшто, ние тоа го коментиравме. Ние сме само опозиција и не можеме во моментот, освен коментар, што било друго да направиме. Апсолутно застануваме позади барањата на коморите дека ова не треба да биде имплементирано. Можам да ветам, ако тие сепак одлучат тоа да го направат, со сите сили во Парламентот тоа да го блокираме, онолку колку што можеме, одговори Мицкоски, прашан за предлог измените за Законот за данокот на добивка и реакциите коморите.

Мицкоски, кој денеска заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот спортско рекреативен центар „Македонија“ во Радишани, во изјавата додаде и дека „идната влада на ВМРО-ДПМНЕ“ ќе го врати решението во законот „онака како што беше“.

Во реакција на Предлогот на закон за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка, Сојузот на стопански комори на Македонија, оцени дека со него наместо да создаде услови за правично оданочување, се предизвикува сериозен удар врз малите и микро фирми, се загрозува нивниот опстанок и се стимулира даночна евазија.

Oд Занаетчиската комора, пак оценија дека со измените државата наместо да се бори со сивата економија и да обезбеди услови за формалните дејности, иницира тие да преминат „во непопуларната и никому од корист сива економија“.

Измените на Законот за данокот на добивка, заедно се веќе усвоените измени на Законот за данокот на личен доход и предложените измените и дополнувањата на Законот за ДДВ, се дел од Концептот на даночна реформа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Био медика“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема вреден 354.000 евра

Редакција

МНР вработува 16 службеници

Редакција

Нова листа на УЈП: Над 4.500 граѓани и фирми должат 10,2 милијарди денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница