еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка: Најмногу се земаат потрошувачки и станбени кредити, зголемени негативните салда на картичките

Кредитите на домаќинствата во ноември годинава забележаа раст од 0,5% на месечно ниво, што во поголем дел се објаснува со зголеменото кредитирање во странска валута, соопшти Народна банка.

На годишно ниво, кредитите на домаќинствата се зголемија за 7,5%, под влијание на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во странска валута.

Во ноември, според намената на кредитите одобрени на физичките лица, најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, забележаа месечно зголемување од 0,5% и 1,1%, додека годишните стапки на раст изнесуваат 6,6% и 12,9%.

Автомобилските кредити остварија месечен и годишен раст од 6,3% и 9,1%.

Кредитите одобрени на кредитни картички се непроменети на месечно ниво, додека годишниот раст изнесува 0,8%.

Во ноември, негативните салда на тековните сметки, забележаа месечен и годишен раст од 2,7% и 1,6%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,9% и 17,1% на месечна и на годишна основа.

Депозитите на домаќинствата, пак, во ноември се непроменети на месечна основа. Годишниот раст од 5,3% во најголем дел е резултат на зголемените краткорочни депозити во странска валута, при дополнителен позитивен придонес и на депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на остварен пад на долгорочните и на краткорочните депозити во денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Nedcann започнува партнерство со KG systems и Balkan Greenhouse со цел да се унапреди одгледувањето на медицински канабис во Европа

Редакција

Eлектричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово, велат од Владата

Редакција

Студентки од техничките факултети од Косово и Македонија во посета на „Diamond of Skopje“ во рамките на иницијативата Global Engineer Girls (GEG)

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница