еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

За посреќна Нова Година и Божиќ – тимот на МТЕЛ им подари новогодишни пакетчиња на децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас

Во духот на Новогодишните и Божиќните празници тимот на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија Групацијата, вчера го посети Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и децата кои го посетуваат Заводот ги изненади со новогодишните подароци, информираат од таму.

„Новогодишните и Божиќните празници се време за радости, убави моменти, време за да споделиме среќа и да подариме насмевки. И токму со таа мисија дел од тимот на МТЕЛ го посети Заводот.

Задоволни сме што имавме можност да ги израдувавме децата и да им’ посакаме весели и безгрижни празници. Да направиме нешто повеќе сите заедно за повеќе детски насмевки, за радост и убави моменти за сите во Новата 2023 година“, велат од тимот на Мтел.

На децата од Заводот за рехабилитација вработените во Мтел им ги поделија новогодишните пакетчиња посакувајќи им многу исполнети желби, а на вработените во Заводот добро здравје и успешна работа во Новата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За прослави што се паметат – кетеринг од Барбакан

Редакција

Забавувај се и донирај за СОС Детско село на Меѓународниот ден на семејството во Капитол мол

Редакција

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за школување во меѓународно училиште „Нова“

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница