еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сметките за парно може да се плаќаат и онлајн

ЕСМ Снабдување со топлина воведе електронски систем за безбедно плаќање на фактурите за топлинска енергија на новата интернет страница ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk), информираат од компанијата.

Фактурите за топлинска енергија потрошувачите можат да ги платат без банкарска провизија, електронски на нашата веб страната, во делот „Плати сметка“ користејќи две веб услуги, велат од таму.

„„Брзо плаќање“ е нова веб-услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија преку која потрошувачите со едноставно внесување на бројот на фактурата можат да извршат онлајн-плаќање, без претходна најава и регистрација на кориснички профил.

EsmEPay услугата” е нова веб-услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија со најава и регистрација на кориснички профил за имот или имоти.

Платформата овозможува преглед, филтрирање и плаќање на сите доспеани фактури за повеќе имоти како и внес на состојба на мерилото за индивидуални објекти.

За да може потрошувачите да ги користат услугите за електронско плаќање на фактурите потребно е да ги следат упатствата поставени кај соодветната веб-услуга на веб страницата на ЕСМ Снабдување Упатство за користење на услугата EsmEPay – кориснички профил или Упатство за користење на услугата “Брзо плаќање”, “ информираат од ЕСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маржата и профитот ќе се тргнат целосно или ќе се редуцираат при носењето на следната одлука на цената на струјата, вели Бислимоски

Редакција

(Видео) УНХЦР: Повеќе од пет милиони луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија

Редакција

Македонија од следна недела ќе издава „грин пас“ кој ќе содржи ковид-информации за тие што ќе патуваат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница