еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопје без традиционалната новогодишна прослава, музичарите самоиницијативно организираат забава на градскиот Плоштад

Градот Скопје оваа година не организира традиционален дочек на Новата година на градскиот Плоштад, но музичарите самоиницијативно одлучија да приредат новогодишна забава за граѓаните.

По недостигот на официјални информации од Град Скопје како ќе се прослави новогодишната ноќ, Здружението на естрадни уметници „Естрада“ покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава.

Според најавите, на новогодишната забава ќе настапуваат познати музички имиња од македонската естрада како што се, Мерак Меана, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Ристеска и други.

Досега Градот Скопје бил организатор на прославата на градскиот Плоштад на којшто во изминатите години настапија познати музички имиња од македонската и странската сцена.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Индустриското производство во декември лани намалено за 5,8%

Редакција

Штипската Клиничка болница за две и пол години ја напуштиле 70 вработени

Редакција

(ВИДЕО) Падна првиот снег во Македонија, забелеа Маврово и Пелистер

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница