еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Едно лице загина во судир на автобус и автомобил на експресниот пат Штип-Кочани

Едно лице загина во тешката сообраќајна несереќа, која се случи синоќа меѓу автобус со беровски регистерски таблички и возило опел астра со пробиштипски регистерски ознаки на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај штипската приградска населба Три Чешми.

Според првичните информации од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 19.45 часот.

Лекарите од Итната медицинска помош на лице место констатирале дека загинал сопатникот од автомобилот, а возачот со повреди е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА потврдува дека едно лице од сообраќајната несреќа веќе е на испитување кај нив, со цел да се утврдат повредите и да добие соодветен лекарски третман.

Повредени патници во автобусот нема.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајна несреќа во Италија загинаа ќерката и внукот на македонскиот конзул

Редакција

Не постоеја индиции за атентат врз Османи во Молдавија, велат од МНР по информациите во молдавските медиуми

Редакција

Топ пет професии со највисока просечна плата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница