еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Авионите од Скопскиот аеродром полетуваат, за еден час одложено слетувањето на авионот од Истанбул

Од Меѓународниот аеродром Скопје и покрај маглата утрово полетаа шест авиони, дел со мало задоцнување, додека патниците од Истанбул со авионот што требаше да слета во 7:55 се очекува да пристигнат со еден час задоцнување.

На веб страната на аеродромот пристигнувањето на авионот од Истанбул е најавено со еден час задоцнување.

Следното слетување на аеродромот е после 11 часот.

Изутринава магла имаше во повеќе места во земјата, како и на неколку патни правци. Во Скопје претпладнево има појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот завчера до девет часот изутрината вчера беа откажани девет лета, а четири пренасочени.

МИА/Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студија: Луѓето кои носат очила имаат помал ризик да се заразат со Ковид-19

Редакција

Стресот од пандемијата со Ковид-19 го зголеми бројот на деца кои имаат проблеми со пелтечењето

Редакција

„Тетекс“ ќе престане со производство на тешка конфекција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница