еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Какво време не очекува за Бадник и Божик

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на претстојните божиќни празници ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наутро некаде во котлините ќе има услови за појава на слаба магла.

Преку денот ќе биде претежно тивко. Се најавува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до три степени, а максималната од седум до 15 степени.

До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет.

В петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат.

Претпладне в понеделник се уште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украден кабел од влечен мотор на локомотива, истата повеќе не е во возна состојба

Редакција

Гранит со фирма од Куманово и Бугарија склучија договор со Електрани на Северна Македонија вреден 27,7 милиони евра

Редакција

Нови дојави за бомби во училишта во Скопје и Прилеп

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница