еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија ќе продолжи со воена и хуманитарна поддршка на Украина, му кажал Ковачевски на Зеленски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски ја пренесе поддршката на Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина, соопшти владината прес-служба.-Војната која Русија ја започна пред речиси една година е флагрантно кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН. Украина е независна и суверена држава со целосно располагање на својот територијален интегритет. Агресијата која Русија ја врши е за најсилна осуда, бидејќи освен прекршување на нормите, таа предизвикува и големо човечко страдање и ја влошува глобалната економија, истакнал премиерот Ковачевски.Во разговорот станало збор и за досегашната помош и поддршка која Македонија ја обезбедува за Украина. Претседателот Зеленски ја истакнал благодарноста до македонскиот народ за сета досегашна помош и поддршка. Македонија, било нагласано на средбата, и како НАТО членка ќе продолжи со помош за Украина на сите потребни начини.Особен фокус на разговорот бил развојот на настаните на воениот фронт, како и улогата на ОБСЕ во можностите за прекин на војната. Како премиер на земја претседавач на ОБСЕ, Ковачевски најавил дека ќе ја посети Украина.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од ДУИ објаснуваат: Ахмети не спомнал непријателски медиуми, туку агресивни тонови од граѓаните во контактните емисии на Алфа и Телма

Редакција

Грчка влада: Европската перспектива на Македонија е затворена се додека не ги почитува преземените обврски

Редакција

Македонците и Црногорците најмногу користат интернет, Србите најмногу купуваат онлајн

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница