Светска банка ја намали прогнозата за раст на македонската економија за 0,7 отсто, и за оваа година таа изнесува 2,4 проценти. Извештајот покажува дека 2022 година сме ја завршиле со 2,1 процент раст.
Во најновиот Извештај за глобалните економски перспективи, за македонскиот домашен бруто-производ за 2024 година се прогнозира дека ќе изнесува 2,7 што е за 0,5 процентни поени помалку од прогнозите издадени во јули лани.
Раст на економијата на Западен Балкан е предвиден за 2,5 отсто, што исто така е намалување од првично предвидениот 3,1 проценти.
За Албанија се проектира раст од 2,2 проценти, 2,3 проценти во Србија, Босна и Херцеговина од 2,5, во Црна Гора од 3,4 проценти и во Косово од 3,7 проценти.