еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите калкулации зголемувањето на минималната плата, смета премиерот

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите ценовни и трошочни калкулации зголемувањето на минималната плата кое е најавено за март годинава.

Според Ковачевски, и кога се зголемувала минималната плата на 18 проценти, стопанските комори немале никаква забелешка, имајќи прдвид дека просечното ниво на плати во приватниот сектор, како што објасни, е повиско од она на минималната плата.

-Кога се правеше Законот за минимална плата се воведе модел во кој се вклучува и порастот на трошоците, но и на продуктивноста. Сметам дека повторно нема да има никакво негативно влијание врз приватниот сектор.

Нормално, тоа усогласусвање ќе следи и во другите сектори, а ќе влијае и на зголемувањето на просечната плата. Јас бев убеден дека просечната плата ќе биде над 500 евра во 2022 година и тоа се случи.

Сметам дека стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите ценовни и трошочни калкулации и зголемувањето на минималната плата, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на РЕК Битола.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопругот на Бијонсе, Џеj Зи, обвинет за силување на 13-годишно девојче, заедно со Диди

Редакција

Денеска и утре невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Редакција

Со претходни заболувања, едно лице имало контакт со потврден случај, детали за новопочинатите од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница