еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Генералниот секретар на ОН, Гутереш: Светот „гледа в око на ураган од петта категорија“

Светот „гледа в око на ураган од петта категорија“, изјави денеска во Давос генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Во своето обраќање пред светските лидери на Светскиот економски форум, генералниот секретар на ОН оцени дека „светот е во жална состојба“.

„Нашиот свет е зафатен од совршена бура на повеќе фронтови“, рече тој. Меѓу главните закани со кои се соочува светот, тој ги посочи претстојната глобална рецесија, војната во Украина, растечките нееднаквости, зголемените трошоци за живот, високата задолженост на ранливите земји и последиците од пандемијата.

Гутереш рече дека „ја губиме битката„ во борбата против глобалното затоплување и дека секоја нова недела носи „нов климатски ужас“.

„Ветувањето дека ќе се ограничи порастот на глобалната температура на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа речиси исчезна“, рече тој, предупредувајќи дека светот се движи кон зголемување на температурата за 2,8 степени.

МИА/Фото: ОН/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истекува рокот на вториот јавен повик на Град Скопје, ниту еден возач од „Слобода превоз“ и „Макекспрес превоз“ не се пријавил на повикот

Редакција

(Фото) МПЦ одржа заедничка литургија со Вселенската патријаршија

Редакција

Поскапува Екстра лесното масло за домаќинствата, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница