еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Охрид од три лица претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Дваесет и едно годишниот Х.П. од Охрид синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј „Македонија“, соопшти утрово СВР Охрид.

Лицето, како што е наведено, било физички нападнато од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.

– Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, појасни за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Нападот во полиција бил пријавен околу 22 часот и 30 минути. Известен бил јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Бугарските медиуми јавуваат дека станува збор за Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

МИА/еМагазин/фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска во Анталија средба на министрите за надворешни работи на Русија и Украина

Редакција

Кој е Лазо Велковски, за кој е побарано разрешување поради скандалот со службено возило

Редакција

360 Степени: Трајно „исчистени“ неколку компјутери во СЈО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница