еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поскапуваат од два до 2,5 денари за литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,9 отсто.

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 82,5 денари за литар, „Еуросупер БС – 98“ ќе се продава за 85, дизелот за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Живот на вересија: Граѓаните со плата од 7.000 до 15.000 денари најбројни корисници на кредити кај банките

Редакција

Бизнисот не може да го издржи ударот од цената на струјата, Владата да реагира итно, апелираат од Стопанска комора

Редакција

Агенцијата за управување со одземен имот не се откажува од продажбата на акциите на „Славија“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница