еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Во домот на Бајден пронајдени нови доверливи документи

Истражителите на американското Министерство за правда пронајдоа уште шест доверливи документи во домот на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон.

-Некои од документите се од времето на мандатот на Бајден во Сенатот од 1973 до 2009 година, а други се од времето кога тој беше потпретседател на Барак Обама, изјави адвокатот Боб Бауер.

– Самиот претседател му понуди на Министерството за правда проверка на сите простории во неговиот дом во Делавер, рече тој.

Ниту Бајден ниту неговата сопруга Џил Бајден не присуствуваа на претресот.

Претресот следеше по откривањето во ноември и декември на уште некои тајни документи во домот на Бајден во Вилмингтон и неговата приватна канцеларија што тој ги чуваше во Вашингтон по завршувањето на неговиот мандат како потпретседател.

Тие документи беа пронајдени и пријавени на властите од адвокатите на Бајден.

Од американските претседатели и потпретседателите се бара да ги вратат владините документи во националната архива по завршувањето на нивниот мандат.

На почетокот на месецот, државниот обвинител Мерик Гарланд го назначи специјалниот советник Роберт Хур да го истражи задржувањето на документите на Бајден по завршувањето на потпретседателскиот мандат. Бауер рече дека претресот на домот на Бајден било понудено за „да се придвижи истрагата што е можно побрзо напред“.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој однесе стотици доверливи документи од Белата куќа во својата резиденција на Флорида, е под посебна истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во два наврати пронајдени доверливи документи во приватна канцеларија и гаража на Бајден

МИА/Фото: Бајден/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) По корона кризата, предлог-место за посета во нашата држава: Етно-куќа Благибог, Мариово

Редакција

Шестгодишниот Стефан не може самостојно да дише, потребна е машина

Редакција

Најмногу празни станови има во Скопје: Над една третина од становите во земјава се празни, покажуваат податоците од Пописот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница