еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

83-годишната старица од Струмица ја убило 25-годишно момче, нејзин роднина, откако не му дала пари

Полициски службеници од СВР Струмица во содејство и координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал вчера го лишиле од слобода П.И. (25) од Струмица.

Како што информира денеска МВР, тој се сомничи дека на 20 јануари годинава откако побарал и не добил пари од М.Б.(83) од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените повреди таа починала.

Потоа П.И. одзел пари и предмети од домот на М.Б., од кои дел биле пронајдени при претресот извршен по наредба на ОЈО Струмица.

П.И. е приведен во полициска станица и при службен разговор го признал делото, а од страна на СВР Струмица против лицето е поднесена кривична пријава до ОЈО Струмица, изведено е пред Основен суд Струмица и побарана е мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Старица во Струмица убиена со давење или задушување

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Меморија по 30 години објави нова песна „За тебе“

Редакција

Кумановчанец доби кривична пријава за дистрибуција на детска порнографија

Редакција

(Во живо) Колони возила на граничниот премин Богородица за влез во Грција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница