еМагазин
Image default
Македонија

Апелација одлучува за затворската казна на Груевски за „Тенк“ на неговиот роденден

Апелацискиот суд во Скопје денеска треба да одлучува по жалбата на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Вчера судечкиот совет почна и веднаш се одложи јавната седница, поради неприсуството на осудениот Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на кривичниот совет Цветанка Перишиќ, уредно го известиле судот дека денеска ќе приствуваат на рочиштето во Кривичниот суд Скопје за предметот на СЈО „Насилство во центар“, во кое Груевски, исто така, е обвинет.

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на шест години и шест месеци затвор.

Денеска Груевски полни 48 години.

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 113 пациенти од корона вирусот, најмногу од Скопје 57

Редакција

Јовески тврди дека за случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово немало обид за влијание и притисоци

Редакција

Амди Бајрам ќе собира гласови за да стане претседател со „Амди-кола“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница