еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

СВР-Битола апелира на внимателност заради измами со откуп на злато

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека во последниот период забележани се пријави од граѓани, сопственици или вработени лица во златарници на подрачјето на Битола, за сторени измами од лица кои нудат злато за откуп.

Од СВР-Битола посочуваат дека при проверка на откупеното злато било утврдено дека од надворешната страна е златна легура, но при пресек се утврдувало дека не станува збор за накит или предмет од злато.

„Со цел спречување на понатамошни вакви измами и злоупотреби ги предупредуваме граѓаните, посебно златарниците, да бидат исклучително внимателни при откуп и продажба на злато и златен накит, а секое сомнително лице и сомнителен настан да го пријават на телефонските броеви 192 или 112, на најблискиот полициски службеник или во полициска станица,“ соопштија од СВР-Битола.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 929 случаи на Ковид-19 од 2.758 тестирања

Редакција

Јавна опомена за ДС Смитх, РЖ Интер-Трансшпед и ЗК Пелагонија од Македонската берза

Редакција

Почна дистрибуцијата на новите учебници за основно образование

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница