еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На Попова Шапка снежна покривка од 83, а во Маврово од 20 сантиметри

Најстудено изутрина е на Попова Шапка каде во седум часот се измерени минус шест степени и има снежна покривка од 83 сантиметри. Во Маврови Анови се регистрирани минус четири степени,  Лазарополе и Крушево минус три, Берово минус два, Крива Паланка минус еден, нула степени во Тетово, Прилеп, Штип, Струмица, Виница, Дебар, Претор, еден степен над нулата во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Битола, два во Охрид, три во Демир Капија, а четири во Гевгелија и Дојран.

Снежна покривка има и во Маврови Анови, 20 сантиметри, Лазарополе 10, Крушево и Берово седум, Крива Паланка и Ѓуриште четири, Пожаране два и Дебар, Тополчани еден сантиметар, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во некои од пониските места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 5 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизајнерката Мршиќ подготвува нова колекција чанти кои ќе бидат изработени од лица од ранливи категории

Редакција

Пациент со тешка срцева болест доби срце од починат донор

Редакција

Филипче најави стратешка соработка со српскиот институт „Торлак“ од каде што би можеле да набавиме вакцини за понатаму

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница