еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија

Советот на ЕУ денеска ја продолжи важноста на рестриктивните мерки насочени кон одредени сектори на економијата на Руската Федерација за шест месеци, до 31 јули.

Санкциите првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските активности за дестабилизација на ситуацијата во Украина, а значително беа проширени од февруари 2022 година, откако Русија ја изврши агресијата врз Украина.

Во моментов, санкциите опфаќаат широк опсег на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансирањето, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки, соопшти Советот на ЕУ.

Тие, исто така, вклучуваат забрана за увоз или пренос по море на сурова нафта и нафтени деривати од Русија во ЕУ, исклучување на неколку руски банки од механизмот SWIFT и суспензија на преносите и лиценцирањето на медиумите поддржани од Кремљ и ширење на дезинформации.

Покрај економските санкции против Руската Федерација поради Украина, на сила се и други видови мерки, како што се дипломатски мерки и мерки против поединци и субјекти.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Под мотото Инженерството ја гради иднината – на 9 и 10. мај по петти пат ќе се одржи меѓународниот конгрес Science@FEIТ

Редакција

Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари

Редакција

Средба Заев – Ахмети – Ковачевски: Новата влада ќе биде целосно фокусирана на евроинтеграциите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница