еМагазин
Image default
Бизнис

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата во јануари досега изнесува 147 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за вчерашниот ден, 27 јануари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 169,73 евра/mwh, информираат од ЕДС.

-Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 190,88 евра за мегават час.

Просечната цена на електричната енергија во текот на месец јануари до сега, (baseload till date) изнесува 147,00 евра за мегават час, што е за околу 114 евра пониска од цената по која што електрична енергија се тргуваше во текот на декември.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аиркон“ го доби тендерот на МВР за сервисирање на клима уреди вреден 76.000 евра

Редакција

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи нови акции на ОКТА

Редакција

Душан Пецовски, Владимир Пецовски и Марјан Велковски купија акции во Реплек

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница