еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нефи Усеини од ДУИ веќе не е советник во Советот на Охрид, поднел оставка од лични причини

Советот на Општина Охрид на денешната седница ја прифати оставката на советникот Нефи Усеини, кој беше избран на последните локални избори од редовите на ДУИ.

Претседателот на Советот, Сашо Донев во изјава за МИА посочи дека Усеини поднел неотповиклива оставка од лични причини.

– Денеска на седница на Совет беше констатирана неотповикливата оставка на советникот Усеини, истакна Донев.

Советот чека официјален допис од Општинската изборна комисија кој ќе дојде на местото на Усеини.

Охридскиот бизнисмен и досегашен советник Нефи Усеини е претседател на огранокот на ДУИ во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нефи Усеини од ДУИ доби ослободителна пресуда за претепувањето на советник за време на седница на Советот

(Видео) Нефи Усеини со пцости и навреди кон новинарката на Телма

Нефи Усеини и неговиот брат Ибро добија ослободителна пресуда за нападот на Спиро Топаловски

МИА/Фото: Усеини/ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеникот Арбен Зибери се врати во Собрание, двата теста за Ковид-19 му биле негативни

Редакција

Законот за јавно обвинителство влегува во собраниска процедура, во вторник на јавна расправа

Редакција

За една недела 7.355 нови случаи на Ковид-19 од 35 градови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница