еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Британци со компјутерска измама украле над 400 илјади евра од македонска фирма

СВР Штип соопшти дека поднела кривична пријава против две физички лица Ј.Т.С. (21) и A.A.A. (44) и правно лице од Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот, одговорно лице во правното лице и третопријавениот извршиле промена на компјутерски податоци, со што предизвикале невистинит резултат при пренос на податоци.

– Преку електронска порака, до оштетеното правно лице од Пробиштип, испратиле лажни банкарски инструкции за меѓународно плаќање, врз основа на кои оштетеното правно лице извршило плаќање во износ од 425.653 евра кон банкарската сметка на второпријавениот, наместо на вистинскиот добавувач.

На тој начин тие причиниле вкупна материјална штета од 425.653 евра на правното лице од Пробиштип, посочуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко на шест деца извршил обљуба на една од малолетните ќерки, мајката ја „продавала“ за сексуални услуги на третоосомничен

Редакција

Просечната нето плата во декември лани, 25.784 денари

Редакција

Бугарија воведе задолжителен карантин од 14 дена при влез на македонски граѓани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница